Грујо награди уште едни ПОЛТРОНИ: Стан и „Ауди А4“ од власта за здружението што донира споменици

0
1222

Возило „Ауди А4“, деловен простор во центарот на Скопје, без надомест и голем број грантови од Владата има добиено Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради кое се јавува како донатор на седум споменици во центарот на Скопје, објави „Призма“.

zdruzenie 22

Државата донирала возило „Ауди А4“ и деловен простор во центарот на Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин кое се јавува како донатор на седум споменици во центарот на Скопје.

Донацијата за последниот споменик од ова здружение, на децата бегалци од Егејска Македонија, беше усвоен на вчерашната седница на градот Скопје, но не е познато колку пари ќе чини споменикот.

Според официјалните податоци објавени во „Службен весник“, ова здружение, чиј претседател е 74-годишниот Ташко Јованов, освен возило од Владата и стан од 49 квадратни метри на улицата „Вељко Влаховиќ“ од АД за стопанисување со станбен и деловен простор, има добивано и грантови од Владата за невладини организации.

Целата истражувачка сторија на Мери Јордановска може да ја прочитате ОВДЕ