Грујо и неговиот ПР се што донесоа како економска инвестиција се се запусти! ВМРО-вската инвестиција балетанките на „Гришко“ заврши на депонија!

0
1529

Редовен читател на порталот Бриф испратил фотографии од фрлени балетанки на депонија во близина на Демир Хисар, производство на Фабриката „Гришко“ гринфилд инвестиција која ја донесе поранешната влада.

Според нашите неофицијални информации, компанијата работи со загуба и дел вработените  се пратени на принуден одмор. Стравуваат дека нема да ги примат назад поради пропаѓање на компанијата.

baletanki2-610x813

Според тогашната изјава на  Никола Груевски, фирмата ГРИШКО ја одбра токму Македонија за својата нова фабрика благодарение на владините роуд шоуа и одличните можности за инвестирање во земјава.Тој при отварањето на фабриката најави и дека во втората фаза од оваа инвестиција е планирано да се отвори и втората фабрика во градот Демир Хисар која ќе вработува дополнителни 200 лица, а ќе биде сместена во поранешната болничка женска зграда.

baletanki9-610x813

„Со тоа ќе се заокружи една голема инвестиција за Демир Хисар, инвестиција која ќе го заживее и позитивно ќе го раздвижи регионот. Инвестиција која ќе донесе придобивки како за нововработените и нивните семејства така и за другите македонски компании од текстилната и чевларската индустрија кои ќе соработуваат со ГРИШКО, подвлече  Груевски и најави дека во фабриката ќе се вработуваат и лица со попреченост во развојот. За сопственикот на компанијата, Николај Гришко било задоволство да се инвестира во Македонија. „Ветивме дека ќе отвориме нови работни места и оваа фабрика е потврда за тоа. Од денес јас сум Македонец, жител на оваа прекрасна земја. Морам да ви признам дека корупцијата и криманалот се отсутни во земјава и не верував дека такво нешто може да постои“, рече тогаш, Гришко искажувајќи особена благодарност за поддршката на владиниот тим во реализирањето на инвестицијата.baletanki6