Грујо и кум Ставре удрија на девизните резерви

0
977

euro-money1-540x376

Заклучно со септември вкупните девизни резерви изнесуваат 2,187 милијарди евра, што во споредба со истиот период лани (2,437 милијарди евра) е намалување од над 247 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Според овие податоци, Македонија во септември имала монетарно злато вредно 219, 3 милиони евра, што е за 11,3 милиони помалку во однос на септември 2014 година.

Валутите и депозитите во септември се во вредност од околу 241 милион евра или 36,4 милиони помалку во однос на истиот период лани.

Намалување од 223,2 милиони евра има кај хартиите од вредност во септември (1.722.400.000 евра) во однос на салдото од истиот период лани.