ГРУЈО И БАТЕ САШЕ ГИ АКТИВИРАА СВАРОВСКИ СУДИЈКИТЕ : Кривичниот суд уважил разговори од бомбите да не бидат доказ за злоупотреби за плацевите на Водно

0
1587

Скопскиот кривичен суд донел експресно решение со кое го прифатил барањето на адвокатот на Никола Груевски, разговорите  од бомбите за плацевите на Водно водени помеѓу Груевски и Јанакиевски,да бидат изземени како доказ во евентуалниот кривичен прогон кој би го побарал специјалниот обвинител.

gruevski-janakieski-540x315

Според информациите Груевски, Јанакиевски  и Јанкуловска во текот на вчерачниот ден биле во обвинителството да дадат искази за плацевите на Водно кои според прислушкуваните разговори ги купил премиерот Груевски и истите како што подоцна открија медиумите се водат на фирма во Белизе со која управува кумот на премиерот од неговиот прв брак.

Адвокатот на Груевски, Александар Додовски, кој како негов пулен од неодамна е и претседател на адвокатската комора веднаш упатил барање во Скопскиот кривичен суд, снимените разговори околу плацовите да бидат изземени од постапката која би ја водел специјалниот обвинител кому, според договорот од Пржино, тоа му е примарна задача,

Судот на барањето на адвокатот на премиерот реагирал експресно и донел решение за изземање на снимките како доказ за плацовите на Водно, и со тоа практично ја осуетил работата на специјалниот обвинител кој требе да биде избран на 15-ти овој месец.

Неодамна медиумите открија дека плацевите на Водно во меѓувреме добиле нов сопственик,односно од фирмата во Белизе ги купил тајкунот на власта,бизнисменот Орце Камчев.

Канцеларијата на фирмата во Белизе веднаш по обелоденувањто на скандалот со плацевите на Водно на Груевски,како што истражија новинарите, преку ноќ била затворена.