Грујо е преплашен па доцнеше 50 минути на првите пратенички прашања со опозицијата

0
882

sobranie11-540x300

Денешната седницата за пратенички прашања, прва каде е присутна и опозицијата, доцнеше 50 минути поради доцнењето на премиерот Груевски и министрите.

За ова на почетокот на седницата реагираше пратеникот и координатор на пратеничката група на опозицијата, Горан Сугарески, рече дека ова е стара пракса на власта за непочитување на парламентот, и побара продолжување на седницата за 50 минути.

Доби реплика од пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, кој му возврати дека опозицијата имала шанса досега 10 пати да поставува пратенички прашања но никаде ја немало.