БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА НОВАТВ : ГРУЈО Е ОФИЦИЈАЛНО ПЕЧЕН ЗА ВО ЗАТВОР, Тројцата потпретседатели на ДУИ Бејта, Теута Арифи и Меџити вечерва во Бихаќка ја договараа новата влада со Заев!

0
13566

Тројцата потпретседатели на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити вечерва биле во седиштето на Соцјал демократскиот сојуз на Македонја (СДСМ) откако го напуштија состанокот на централното претседателство на ДУИ, потврдуваат високи извори во СДСМ за НОВА.

Арифи, Бејта и Меџити разговарале со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за условите за можна коалиција на партијата со СДСМ. Извори за  НОВАТВ велат дека потпретседателството вечерва успеало да го притисне Ахмети и неговите приврзаници коишто преферираа коалиција со Груевски и го убедиле дека вреди да се разговара со социјалдемократите, по што тие тргнале во Скопје на разговори. Изворот на НОВА тврди дека по средбата се убедени дека „има поголема верба дека Ахмети ќе донесе  разумна одлука која ќе ги рефлектира интересите на граѓаните и партијата“.

Ахмети по состанокот на Централното претседателство кој вечерва заврши без одлука за коалиција на прашањето дали знае дека Бејта е во СДСМ, рече дека тој е претседател и во секое време знае каде се неговите сопартијци, со што навести дека останува отворен и за коалиција со СДСМ.

Утре на полноќ истекува рокот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да формираат влада. ДУИ е единствената шанса на Груевси за формирање влада. Ахмети и неговите најблиски соработници притискаа за влада со ВМРО-ДПМНЕ, но потпретседателстово даде силен отпор, како и најавите на дел од пратениците дека тие во Собранието нема да притиснат зелено копче за таквата влада.

Извор : НоваТВ