ГРУЈО Е НЕВЕРОЈАТЕН, отишол на ДЕБЕЛО ПЛАТЕНО ИНТЕРВЈУ дури во водечкото американско списание ,,Форбс” за да го фалат надвор од Македонија и да не убедува дека на државата не и оди поради тоа што била земја од западно комунистички блок и поради кризата со бегалците?!

0
1604

На Грујо по којзнае кој пат му успева да се најде на порачани интервјуа по странски медиуми каде троши народни пари од пљачката на буџетот на Македонија за да го фалат во меѓународната заедница. Грујо сега е во обид да ја убеди САД и меѓународната заедница дека токму тој е уствари оној кој е добар владетел во Македонија и дека во државата економијата цути а опозицијата ја увезува кризата па дури и во дел од интервјуто за водечкото американско списание ,,Форбс” тој ја споменува и кризата со бегалците како фактор за дестабилизација на Македонија како и тоа дека Македонија била земја од поранешен комунистички блок и токму тоа ја кочело државата 11 години откога е тој на власт.screenshot_1

А од друга страна куртончето на ,,Форбс” кое го прави интервјуто со Грујо е сигурно дебело платено да не поставува прашања поврзани бомбите на опозицијата, за цвикерите Мајбах од 50.000 долари, за мерцедесот од 650.000 евра, за плацевите на Водно, за рушењето на Космос, за платежната национална картичка, за подземјето на братучедите Мијалкови, за заоните по брза постапка без опозиција како и ред други мајмунарии што и се случуваат на државата поради него.

Ќе го издвоиме делот каде Грујо во интервјуто на ,,Форбс” навел причини за дестабилизација на државата, еве што вели овај шарлатан :

– Македонија е земја од поранешниот комунистички блок која спроведува пазарни реформи и воведува капитализам од западен вид. Повеќе американски компании го забележаа тоа и отворија свои фабрики во Македонија. За 11 декември се закажани избори кои по се изгледа ќе донесат победа на владејачката партија, и покрај неодамнешниот период на нестабилност. Како и да е, ниту политичкиот застој ниту мигрантската криза од 2015 година не успеаја да и наштетат на оваа мала држава од два милиона луѓе, пишува Форбс во воведот на интервјуто.

Значи, цепеницо една режимска, реформите на државата никако неможе да бидат влошени поради формирани кампови за згрижување на бегалци и поради преносот на бегалците туку поради брзите закони кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа во собрание без опозиција, поради паразитите начукани во администрација на државна цицка, поради хаосот во здравството и образованието каде во здравството пијани анестезиолози даваат анестезии и каде во учебниците на децата се врши психичка диктаторска тортура учејќи да бидат потчинети или полтрони на една владејачка гарнитура како твојата. Ја уништи државата со твоите куртони како Латас, Ивона, Мирка, Миленко и Јанко, со твоите братучеди извршивте егзодус на исселување од државата за младите поради желбата да извршите лоботомија на мозоците од народот, во дел и успеавте во тоа, но нема да успеете да ги покорите сегашните и идни поколенија.

Од овие гомна во кои ја закашкавте државата не ве вади нити свети ,,Форбс нити Путин нити Кина повеќе, има да скапиш во Шутка или Идризово за криминалите кои ти и фамилијата ги направивте, младите немаат за обично кафе од 50 денари а семејствата за леб додека членовите во владата серат во дебело преплатени народни пари од народната пљачкана буџетот во барокни клозети.