Грујо девет години тресе празна слама со приказни за инвестиции, реформи, економски бумови: Македонија рекордер по невработеност во регионот

0
1176

Прогнозата на ММФ дека долгот на Македонија ке продолжи да расте а невработеноста бавно ке се намалува, покажува колку владините политики се погрешни,сметаат дел од економистите, пренесува Телма.

gruevski

Наместо позитивни ефекти од поврзаноста на јавните финансии и вработувањата, тоа во земјава не се случува велат тие па веке 2-3 месеци економијата се движи во погрешна насока. Универизтетскиот професор Биљал Касами вели,кога владата во ваква реалност,прокламира зголемување на вработеноста,би требало да имаме 0 невработени и увоз на работна сила.И ММФ потврди дека овие политики се погрешни,вели Касами.

Невработеноста според монетарците,оваа година ке достигне  27,4 % а догодина 26,5% што е највисока стапка во регионот. Западен Балкан е носител на неславни светски рекорди беше речено на конференцијата за вработување во ЈИЕ и Турција, невработеноста е над 20% , вработеноста едвај 43 %,а без работа е половината од работоспособното население.

Претставникот на ОН Џихан Султаноглу вели дека ова не е нешто што може да се излечи само со економски раст.

Гледаме случаи во регионот кога растот на БДП крие наплив на нееднаквост која оди во корист на тие што имаат и на штета на тие што немаат,рече таа.Ова е доста длабоко вкоренет структурен предизвик со кој регионот се мачи повеке од 2 децении. Создавањето раст богат со работни места е клучот за бришење на прекарот што овој регион го носи како сиромашна периферија на Европа, вели Султаноглу.

Министерот за труд Диме Спасов рече дека ако тежнееме кон работни места,мора да се доближиме до потребите на работодавачите,институциите да бидат транспарентни и да ги земат предвид нивните сугестии.

Според владата од 2007 -2014, со примена на активни мерки се вработиле 36 500 лица а за 10-тина дена ке почне реализацијата на проектот македонија вработува со кој треба да се опфатат 150 000 лица.

Извор: Телма