ГРУЈО ГО САРДИСАА СО БУЛДОЖЕРИ, СЕГА ВО МАКЕДОНИЈА ПО ХАЈНДЛ ПРИСТИГНУВА И АМЕРИКАНСКИОТ ТЕШКАШ НА ВАШИНГТОН ХОЈТ ЈИ : Утре во Скопје пристигнува Хојт Ји!

0
1093

Утре во Македонија доаѓа заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, објави Радио Слободна Европа.

Засега не се знае неговата агенда и со кој се ќе се сретне во земјава. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на петти јуни на кои ќе учествува само ВМРО ДПМНЕ и засега неуспешни обиди да се најде начин за промена на датумот на изборите и повлекувањето на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов.

Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава кога разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино. Тогаш тој порача дека одблиску ги следат подготовките за изборите, состојбата во медиумите, одвојувањето на партијата од државата и работата на Специјалното обвинителство.

381384-johanes-hajndl-se-sretna-so-poposki-i-so-gruevski-drugite-se-za-utre

Специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл се очекува наскоро повтроно во Македонија. Се очекува тоа да се случи четврток или петок. Како искусен дипломат, вистински дипломатски „тешкаш” и познавач на состојбите на Балканот и во Македонија, тој во координација со ЕУ и САД се вклучува во разрешувањето на политичката криза. Берлин е сериозно загрижен за демократијата и владеењето на правото во Македонија.