ГРУЕВЦИ ГНЕТЕЛЕ И ЛОКАЛЕ КАКО ВОЛОВИ : Објавени документи од СЈО на порталот ,,НоваТВ” каде се гледа како ВМРО-ДПМНЕ нарачувале специјалитети со скапо француско сирење, горгонзола, вргањ, лосос, квалитетно јунешко, пршута и сл. ПРАВЕЛЕ ГОЗБИ ДУРИ ПО 10.000 ЕВРА, ПАРИ ОД ПЉАЧКАТА НА БУЏЕТОТ!!!

0
7941

Се јадело скапо и квалитетно, а се плаќало со донациите кои што СЈО ги спори како такви, овој заклучок може да се изведе од мениата кои ги придрижуваат фактурите на партијата ВМРО-ДПМНЕ доставени во Судот во предметот „Талир“ за нелегално финансирање.

НОВАТВ од судски извори доби дел од фактурите и мениата за угостителските услуги коишто ги плаќале ВМРО-ДПМНЕ. Од доставените плаќања може да се заклучи дека партиските функционери најмногу сакале да се гоштеваат во, според многумина, елитниот скопски ресторан „Воденица“.

Во последните пет години партијата секоја година за својот роденден налето нарачувала кетеринг од „Воденица“. Од плаќањата може да се види дека секоја година се плаќала иста сума за тој кетерегинг – 10,000 евра.faktura-10-000-1

Овие фактури ги придружуваат и соодветните мениа кои ги одбирале во ВМРО-ДПМНЕ. Канапеи со крем од горгонзола и бадем, канапеи со чаден лосос, пршута или капрезе се само дел од изборот од првото мени од 600 денари по лице кое го одбрала партијата. Второто мени чини 1,200 денари по лице и во него има розбив со крем, тортелини со вргањ, карпачо салата и ред други специјалитети.

MENI-vmro

Во ресторанот „Воденица“ има и други плаќања на вечери во висина од 40,000 до 60,000 денари за неколку лица. Ова се приватни вечери на високи функционери на партијата. Според кажувањата на сведоци со коишто разговараше НОВАТВ овие вечери често завршувале и неплатени. Забавите, пак, кои организирале за обичното членство биле скромни. На пример, за една комитска вечер се одело во ресторанот „Под Кале“ каде што мени сосе пијалок како пиво и ефитно вино и ракија чинело од 300 до 500 денари. Многу често членовите на ВМРО-ДПМНЕ и самит се плаќале за забавите. Така на пример, во ресторанот „Градина“ се организирала Комитска вечер каде што членовите самите си плаќале по 300 денари мени.

„Еднаш се собраа, си платија, ама почнаа да нарачуваат и други пијалоци требаше да се доплати. Еден висок функционер и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои беа таму рекоа дека немало смисла, тие ќе доплателе. Никогаш не доплатија“, вели вработен којшто сакаше да остане анонимен.

Во обвинението на Специјалното јавно обвинителство „Талир“ кое што го истражува нелегалното финансирање на партијата се тврди дека партијата се финансирала со таканаречени „црни пари“ кои потоа на имиња на членовите се уплаќале на сметките. Членовите, наводно, често немале ниту поим дека ова се случува, затоа што висок партиски член носел празни уплатници кај членството на потпис.Парите потоа се легализирале преку купување имот и услуги. Затоа СЈО ги користи сите нивни трошоци или создадени обврски за да докаже дека потоа се трошеле парите од наводните црни донации.

Извор : НоваТВ