Груевски му забрани на Пешевски да ја пее „Едно име имаме“ на митинзи

0
1463

Премиерот Никола Груевски му забранил на вицепремиерот Владо Пешевски на митинзи да ја пее песната „Едно име имаме“. Во консулатации со најблиските соработници, Груевски заклучил дека песната може да ги наруши преговарачките тактики на македонската страна.

pesevski

– Пешевски малку избрза со песната. Можно е да организираме референдум со едно единствено прашање: која патриотска песна сакате да ви ја изведува Пешевски на митинзи за да бидеме на чисто. Сашо вели за Грците е поприфатливо Владо да ја викне „Издали ме пријатељи, издао ме братучед“, но Антонио смета дека тоа е премногу кратко како наслов, плус нема ниту една заграда – изјави Никола Груевски.

Извор: Коза Ностра