Груевски конечно призна дека помил му бил Ахмети, отколку Македонците во Кичево, Гостивар, Тетово…

0
1753

ВМРО – ДПМНЕ конечно призна дека ги продале гласовите на Македонците на последните избори на локално ниво. Во обид да испрати заканувачки пораки, партијата на Груевски вчера објави дека ДУИ нема да ја добие нивната поддршка на престојните локалните избори, откако партијата на Ахмети почна разговори за мандаторот за новата влада со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

По вчерашната средба на Никола Груевски, Никола Попоски и Никола Тодоров со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние излезе соопштение во кое ВМРО – ДПМНЕ отворено ја признава својата улога во победата на ДУИ на локалните избори во 2013 година:

„На минатите локални избори беше сериозен предизвик ДУИ да победи во одредени за нив стратешки општини и добро се сеќаваме на улогата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори во одредени општини во поглед на дадената поддршка, но тоа сепак е работа на ДУИ. Ќе дојдат локалните избори и ќе се види дали им била добра проценката“, тврди ВМРО – ДПМНЕ.

Професорот Јове Кекеновски во изјава за „Фокус“ вели дека „со завчерашното соопштение на ДПМНЕ со кое упатуваат јавна закана и опомена кон ДУИ, доколку не коалицираат со нив нема да ја имаат нивната поддршка на локалните избори, партиската врхушна на ДПМНЕ конечно јавно призна и ја обелодени својата предавничка политика и улога во разградувањето на државата.“

Повеќе за оваа сторија на Фокус ќе може да прочитате на следниот линк ОВДЕ