(ВИДЕО) Груевски е фатен во нови лаги: Хром не доби училиште, а Волково нема канализација

0
950

На денешен ден, пред една година Никола Груевски на таканаречен Координативен состанок во Владата најави дека ќе се отвори подрачно училиште на О.У Димитар Поп Георгиев – Беровски во скопската населба Хром. Груевски излажа! До денес, такво подрачно училиште не е отворено, а учениците и родителите од Хром мора да патуваат километри до најблиското училиште во населбата Ѓорче Петров.

Тоа може да се види од ова видео 

од кое се гледа и дека на истиот ден, лани, 7 септември, Груевски вети и изградба на канализација во селото Волково. И за тоа излажа! Делови од Волково се уште се без канализација.

Да биде безобразието поголемо, осомничениот Груевски придружуван од неговите послушници, пред две недели отиде во Волково и пак ги лажеше граѓаните, дека наводно буџетот за канализацијата пропаднал поради политичката криза?! Значи само тендерите за бизнисите на фамилијата, за барок и гипс картони преку кои им се слеваат милиони евра народни пари се имуни на измислиците од Груевски.

Никола Груевски има обврска да им објасни на жителите на Волково  каде завршија парите од самопридонесот за канализацијата што изнесуваше по 500 евра од семејство!

По промените на 11-ти декември, доаѓа нова Влада што ќе ја предводи СДСМ на којашто приоритет ќе и бидат потребите на граѓаните.

Жителите на Волково и Хром ќе добијат и канализација и подрачно училиште и се останато што им е потребно за нормално функционирање.