Груевски : Да ни беа сега преспани ќе завршевме работа!

0
1236

Gruevski i Jankulovska

На денешната прес-конференција на СДСМ се објави и разговор, за кој Зоран Заев, истакна дека е помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески. Премиерот го прашува Јанакиески како се резултатите во Центар, а тој му одговара дека му најверојатно ќе има втор круг, бидејќи резултатите се тесни, на што премиерот вели : „Значи да ни беа сега Преспанците ќе завршевме работа“, заклучува Груевски.

Во наредниот разговор, пак, министерката Гордана Јанкулоска со потсмев му кажува на Мартин Протугер како гласале жителите од Пустец. Вели си гласале, фатени за раце. Имало гужвва, ама тие си гласале. А, потоа, со гласно смеење, едвај истакнува дека дури дел од медиумите ги снимале.