ГРОБАРОТ НА МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО Михајло Маневски ќе го наследи Груевски во преодната влада?

0
1085

На чело на преодната влада можно е да застане поранешниот министер за правда Михајло Маневски, информира порталот Плусинфо.

Порталот Плусинфо се повикува на неофицијални информации од партиски извори според кои оваа можност веќе била разгледувана на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувањата се дека на оваа фунција ќе биде поставен многу близок човек на Никола Груевски во кој тој има голема доверба, а како што дознаваме такви немало многу меѓу соработниците.

gruevski i manevski

Илија Димовски за Плусинфо не дал ниту потврда ниту демант на информацијата.

Димовски пак во изјава за телевизијата Канал 5 рече дека по повлекувањето на Никола Груевски од премиерската функција, на неговото место нема да застане актуелен функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

– По повлекувањето на премиерот Никола Груевски од функција премиер, на негово место нема да застане ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ кој во моментов извршува министерска, пратеничка или некоја друга значајна политичка функција, туку на негово место ќе застане лице кое не е на таква функција – истакна Димовски.

Маневски одговори дека нема коментар, на прашање на Плусинфо, дали би се нафатил да ја води преодната влада што треба да организира фер и демократски избори.

Од опозицијата не ја коментираат оваа можност, велат дека уште е рано да се зборува за персоналните решенија. Меѓу имињата за можен наследник на Груевски се споменува и вицепремиерот Владимир Пешевски, но после инцидентот со сопственикот на Мактел Саше Ивановски, оваа можност станува се помала.

Инаку Маневски во владата на Груевски беше министер за правда до 2011 година кога овој ресор со зема ДУИ. Од овој мандат му остана скандалот дека извесно време земал и пензија и плата како министер. И пензионирањето на сопругата на министерот Маневски, предизвика внимание во медиумите. Филимена Маневска, иако ги имаше исполнето условите за пензија, неколку месеци остана на функцијата судијка во скопска Апелација. Откако замина, и таа, покрај пензијата, е и советничка во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.