ГРЕТА И ТРАМП СЕ ЗАКЛАА НА ФОРУМОТ ВО ДАВОС

0
1550

Младата активистка Грета Тунберг во нејзиниот говор пред публиката во Давос нагласи три главни барања:

  • Компаниите, банките, институциите и владите да престанат веднаш со инвестирање во експлоатирање на фосилни горива
  • Веднаш да престанат со работа сите наоѓалишта за екстракција на фосилни горива
  • Веднаш да се прекине употребата на фосилни горива.

„Не сакаме ова да се се случи во 2050, во 2030, па ни во 2021, сакаме тоа да се случи сега“, категорична беше Тунберг.

„Можеби си мислите дека сме наивни, ама ако не го направите тоа, ќе мора да им објасните на вашите деца зошто сте се откажале од целите зацртани со Парискиот климатски договор и свесно сте создале климатска криза“, рече таа во нејзиното обраќање.

„Нашата куќа уште гори. Вашата инертност го разгорува пламенот од час во час. Бараме од вас да преземете мерки ако си ги сакате децата повеќе од сѐ“, моќно заврши Грета.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така се обрати пред присутните на форумот во Давос и веднаш почна со фалби за тоа колку добро ѝ оди на Америка.

„Со гордост можам да кажам дека САД се среде економски бум каков што светот не видел досега. Америка цвета, напредува и победува како никогаш досега“, рече тој, наведувајќи ги како примери договорите што ги потпиша, како тој со Кина.

Откако ја испофали Америка, Трамп даде и коментар за климатските промени што несомнено беше упатен кон Грета:

„Мора да ги одбиеме овие неуморни претскажувачи на пропаста. Сега не е време да бидеме песимистични. Сега е време за оптимизам“, рече Трамп, но не заборави да каже дека „многу се грижи за животната средина“.