Граѓани на Велес откриваат фантом гласачи во згради

0
1089

Граѓаните со имиња и презимиња одбележани со розева линија во копијата од избирачкиот список што ви ја даваме никогаш не живееле во нашата зграда, со број 2 на улицата „Славко Ѓоргиев Сватот, во населбата Тунел 1 во Велес, рекоа денеска за порталот Дума граѓани кои таму живеат од нејзината изградба.

Повеќемина од нив денеска тврдеа дека еден гласач фантом е личност која е регистрирана само на уличниот број на зградата без број на стан. Тоа е Билјана Таневска. Во оваа зграда никогаш не живеел ниту Сашко Трајковски во станот со број 24 бидејќи зградата има вкупно 20 станови. А во неа никогаш не живееле ниту Грозда Маневска во станот број 5 ниту Марија Цветковиќ во станот во број 8. За станарите во оваа зграда збунувачки се и имињата на Снежана Темелкова од станот со број 10, Зоран Ивановски од станот број 12 и Аница Анастасова од станот со број 14.

Во реалноста оваа зграда нема втор влез но, тој постои во избирачкиот список и според него токму во влезот број 2, во стан со број 9 живеат Кире и Росана Чулевски, во стан со број 11 живее Ѓурѓа Миленковска, во стан број 6 живее Зоран Петрушевски, додека семејството Трајкови поточно Менда, Сања и Василчо живеат во стан со реден број 15.

Од оваа зграда одамна се исселени во странство станарите Моника и Славче Тодорови кои живееле во станот со број 20 и Александра Здравкова од станот со број 17. Нив сеуште ги има во избирачкиот список. Тие се одбележани со зелени линии.

Ова не е единствен случај за кои што деновиве алармираа наши сограѓани. Сомнителни имиња на наводни гласачи има и во зграда на улица „Андон Шурков“ број 8, во комплекс УЗУС. Таму се запишани вкупно седум гласачи само на редниот број на зградата, без број на влез.

Целиот текст ОВДЕ