ГРАД ПРИЛЕП ДЕНЕС ОРГАНИЗИРАНО ГО ПРОСЛАВИ ПАТРОНОТ НА ГРАДОТ СВЕТИ НИКОЛА

0
1219

По 14-ти пат, Општина Прилеп ја одбележа градската слава „Св.Никола“. Честувањата започнаа со свечената божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, после што следеше водосвет и сечење на славскиот колач пред параклисот во центарот на градот, како и богатата посна трпеза која ја обезбедија годинешните домаќини, семејството Небрежанец.