Марјане, денес ти на цел Прилеп влегуваш со ХИЛТА, А ОД УТРЕ ТЕБЕ ЌЕ ТИ ВЛЕЗИ ЦЕЛ ПРИЛЕП!

0
1265

Прилеп од секогаш изобилувал со добри и лоши работи, како во општественото живеење така и во политичката сфера на градот. Многу пати сум бил сведок на немили настани или газење по нечии судбини и не сум можел да реагирам превентивно или да помогнам на било кој друг начин, па се надевам дека со интервјуто на новинарката Биљана Крнческа на порталот 10без10 и со овај мој краток обид за превентивна  интервенција градот под ,,Марковите Кули” ќе разбере какви опинци го газат веќе 10 години.

krnceska

Нема да навлегуваме во причините на овај тотално нехуман потег на првиот татко на градот херој Прилеп Марјан Ристески кој благодарение на него и неговата булумента од промашени архитекти и советници околу него фино си залепи епитет како град на сармата и кој ја претвори Могилата на непобедените во кокошарник од неколку ендемски видови на кокошки затворени во кафез!

Да се набрка долгогодишен близок соработник која во случајот е жена и  е самохрана мајка и која нема други примања а притоа да не и се помогне за упристоен работен однос како што личи за еден здраворазумен политичар и градоначалник е рамно на лудило и тотална скараност со човечките карактеристики. Иако независно од моите лични несогласувања по одредени прашања со сега екс вработената во Општина Прилеп Биљана Крнческа моја обврска како медиум е да укажам на некоректноста и нехуманоста на првиот татко на градот херој.

Иако ова газење по човечки судбини не е практика само со Крнческа туку со многу прилепчани и прилепски фирми од кои луѓе дел од нив завршуваат на маргините на општеството а дел од фирмите без егзистенција и се осудени на пропаст, иако огромен дел од тие оштетени луѓе од негова страна се многу по способни од некои опкружници на градоначалникот Ристески кои и покрај работниот однос во Општина Прилеп имаат и дури по 3-4 приватни бизниси а притоа толку се талентирани што човек овца да им нацрта врзана со оглав,ортоми и опкружена со селска ограда ќе ја изгубат!

11541145_848580558556656_1619717192_n

Страшно е луѓе ова што го прави градоначалникот Марјан Ристески поигрувајќи си со човечки судбини со неговите рекетарски карактеристики, лично сведоштво е и прекинатиот работен однос на мојата сестра, која патем е дипломиран воспитувач а е перфидно избркана од градинката ,,Наша иднина” и тоа уште од 31-ви Декември 2005-та година, Среќна Нова година, иако случајот за мојата сестра несакав да го напишам сега и тука ама јбга…ме влечат вакви нечовечни односи од кој што луѓето поради стрес и грижи губат дел од своето здравје.

Како и да е кармата е интересна работа, ништо не останало заборавено, и ништо што е лошо не останало неказнето, како што и самата Крнческа изјави во интервјуто на порталот 10без10 , има дана за мегдана Марјане , сега ти Марјане еден со хилта им влегуваш дома на прилепчани, а од утре со хилта ќе ти влези цел Прилеп (ова е метафора инспирирана од бомбите на опозицијата, се разбира не буквално) . 😀

Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас