Гошев во Колумна РАСПАЛИ по Љубчо: Ако ти не рекетираше фирми, тогаш како стана бизнисмен? Никој ли не зеде мито од Окта и Телеком?

0
2664

Ви пренесуваме дел од колумната на Петар Гошев напишана за порталот Плус Инфо

Љубчо, онака „смело“ и „искрено“, во продолжение на разговорот со Чомовски, ни кажа дека тој (кога беше премиер) и неговите соработници, не ги рекетирале фирмите. Дури, ни препорача да ги прашаме бизнисмените, како сведоци. Ако е така, нам не ни преостанува ништо друго, освен да заклучиме дека фирмите самите им давале, зашто пак ако не е така, нема да знаеме како тој стана „средно богат“ бизнисмен и како многу луѓе околу него, само за четири години, стекнаа имот што не би го стекнале ниту за четиристотини години. Да се чудиш и да не веруваш.

Не бе, Љубчо, ти не рекетираше никого!

Драг наш шегобиец Љубчо! „Благовестие“ на твојата почитувана сопруга не рекетираше туку, ненадејно, фирмите самите почнаа доброволно да ѝ префрлаат пари. Од чист хуманизам. Торбите со кеш, што секој ден ги прибираше твојот директор на Царинарницата на Македонија (осуден во отсуство, скриен со години кај соседите), „доброволно“ му ги полнеа транспортните организации и тој „дневен пазар“, или дневен „доброволен прилог“ (од увозниците и од извозниците) „самариќански“ им го подарувавте на сиромашните (или пак, си го делевте меѓу себе?); и никој не зеде мито во милионски износи од продажбата на „Окта“, на „Телеком“ и на други компании (златни кокошки во економијата на Македонија); и не формиравте, преку ноќ, фирми на свои блиски и, „различно“ од последниот и најголем Монструм, не им ги дававте јавните тендери ним; вие не го празневте буџетот преку вашите фирми, туку го полневте за да има за народот.