Во Општинската организација на СДСМ во Прилеп ќе се бира помеѓу пријавени четири кандидати за градоначалничката трка во Прилеп.
Дипломираниот економистиот Гоце Туманоски, порнаешен претседател на младите прилепски социјалдемократи и член на Советот на општина Прилеп, сега вработен во Прилепската фабрика ,,Витаминка“ се појави како ново име на обновениот конкурс на партијата за кандидати за градоначалници.
Во трката за татко на градот исто така се и адвокатот Жарко Стеваноски, претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп Сашо Велески, и прилепскиот стопанственик и бизнисмен Борче Чупетрески.