ГОТОВО Е, РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ УСПЕЕ: АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА НАД 70% ОД ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, ОД КОИ НАД 80% ЌЕ ГЛАСААТ ЗА!!!

0
1588

Новата национална анкета во Македонија, спроведена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива високи нивоа на  оптимизам и поддршка за членство во Европска Унија (ЕУ) и Северно-атлантската алијанса (НАТО) пред референдумот на 30 септември.

Анкетата укажува дека поголемиот дел од македонските граѓани се за решавање на спорот за името со Грција. Вкупно 57 проценти „целосно го поддржуваат“ (37 проценти) или „донекаде го поддржуваат“ (20 проценти) предлогот Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под новото име „Република Северна Македонија“. Истиот број (57 проценти) веруваат дека придобивките од членството го оправдуваат прифаќањето на новото име. Половина од анкетираните (49 проценти) имаат намера да гласаат за решавање на спорот за името, споредено со 22 проценти, кои ќе гласаат против предложената промена.

 

„Како што Македонија се приближува кон овој важен референдум, поддршката за  компромисно решение на спорот за името кое би ги отворило вратите кон членство во ЕУ и НАТО укажува на силна наклонетост кон трансатлантските институции“, вели Пол Мекарти, в.д. регионален директор на ИРИ за Европа.

Поддршката за членство во ЕУ и НАТО продолжува да расте. Бројот на анкетираните кои го поддржуваат зачленувањето на Македонија во ЕУ порасна на 83 проценти – зголемување од шест проценти од август 2017 и зголемување од 11 проценти од март 2017. Поддршката за НАТО исто така останува силна со 77 проценти.

Анкетата исто така одразува постојан тренд на зголемен оптимизам и перцепција за националната стабилност. Триесет и седум проценти од анкетираните сметаат дека земјата се движи во вистинската насока — зголемување од 10 проценти од август 2017 и зголемување од 23 проценти од март 2017. Перцепцијата за стабилноста е исто така висока: бројот на анкетирани кои сметаат дека Македонија е постабилна денес отколку пред една година (37 проценти) го надминува бројот на оние кои веруваат во спротивното (25 проценти) за прв пат во скоро девет години.