ГОРЕ ГЛАВАТА МАКЕДОНЦИ, СПРЕМАЈТЕ ПИЈАЧКИТЕ : Утре ќе биде потпишан протоколот за членство на Македонија во НАТО!!!

0
993

Македонија и земјите членки на НАТО  се очекува утре во Брисел да го потпишат протоколот за пристапување на земјата во алијансата. По ова, националните парламенти на членките ќе треба да го ратификуваат протоколот, а Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот  Никола Димитров, утре, 6 февруари, ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

„На состанокот, на кој е предвидено и обраќање на министерот Димитров, 29-те земји членки, претставени од нивните овластени постојани претставници во НАТО, ќе го потпишат протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО“, соопштија од МНР.

Со овој чекор, велат од Министерството, ќе се заокружи еден значаен дел од пристапниот процес, по што следува процес на ратификација на пристапниот протокол во националните парламенти на земјите членки на НАТО

По потпишувањето на пристапниот протокол, Република Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја.