ГОРДАН ГЕОРГИЕВ: ВМРО ДПМНЕ има мрсни бомби за ДУИ затоа ги држи на узда, ДУИ дури со помош на Еди Рама му помогна на Грујо да избега за Унгарија!

0
1713

Да почнеме со вистините што сите ги знаеме. 8 години заедно спиеја во топло-студена постела. Ним секогаш им беше топло, а нам повремено ни кажуваа дека им студи. Спиеја, но и јадеа и пиеја. Ретка слика беше таа симбиоза на киселината и маслото, таа неочекувана љубов и игра на доминација. Венера во крзно и Маркизот од Сад под иста сатенска прекривка. Ние, провинцијалците, се чудевме на овој перверзен циркус што дојде во нашиот мал град и потоа се излеаја на улиците. Секојдневно ја пре-откривавме и нашата перверзна природа, прифаќајќи го до вчера ненормалното за нормално, дури и посакувано. Потоа учевме заедно со нив дека политиката не познава перверзии, таа е системски вградена во перверзиите. Таа е первертирана реалност. Дека патот од свингерај до свињерај е разликата во само една буква. И дека рајот за свињите е пекол за останатите питоми домашни животни.

И уште „вистини“ научивме… Верува ли некој дека во 8 години владеење кај едните биле корумпирани само високите елити, а кај другите никој не бил корумпиран, освен неколкумина од пониските ешалони? Никој не верува, ама секој голта. Верува ли некој дека Сашо не ги слушал, и тоа обилно, политичките знаменосци на ДУИ? И дека постојат мрсни бомби и за нив, уште неоткриени и веројатно засекогаш запретани за нашите уши. Тие прецизно наведувани проектили стигаат само до ушите кои треба да ги слушнат, но нивните шрапнели сѐ уште и темелно ја тресат целата политичка сцена. И ајде, конечно да ја отвориме тезата дека дебарската логистика за Груевски и неговите загадочни соблазнителни изјави од Пешта („Не ви кажувам како побегнав од Македонија, нека поработат уште малку и сами нека откријат…“) се всушност камчињата на патот кој можеби води до високите висини на вечниот коалиционен партнер на сите македонски партии. По викенд-трилерот со имунитетот на Трајко, „товарот на докажување“ и за оваа работа паѓа на ДУИ. Можеби и закочената истрагата на Оливер околу бегството на Никола одеднаш ќе понуди нови сознанија…

Линк до целата колумна, ОВДЕ