Горан Сугарески – министер за транспорт и врски

0
2756

Новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески доаѓа во извршната власт по осумгодишно искуство како пратеник во Собранието на Република Македонија, пред што бил вработен во прилепската локална самоуправа.

Како што е наведено во биографијата доставена со предлог-составот за владата, Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj “ и е магистер по политички науки.

Од 2000 до 2003 година бил советник во советот на општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работи како комунален инспектор.

Од 2008 до 2016 година е пратеник во Собрание на Република Македонија. Бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од 2013 до 2015 година е заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, по што до 2016 година е координатор.

Роден е на 3 август во 1973 година во Прилеп. Оженет и има две деца.