Горан Петрески активно и посветено му го цмока на Грујо – „Вест“ манипулира: Колумна на лобист ја претставува како поддршка на Вашингтон за Груевски?!

0
2036

Очигледно промената на главниот уредник Горан Михајловски, и доаѓањето на Горан Петрески на раководната позиција на весникот „Вест“ дава резултати. На насловната страница во утрешниот број на весникот е објавен следниот наслов: „Вашингтон се замеша во изборната трка во Македонија. Груевски фаворизиран од еден од најтиражните дневни весници во САД“.

7889439034

Сепак, многу од работите наведени на насловната страница не се точни, односно се лага или манипулација на „Вест“.

Важно е да се знае дека Вашингтон Тајмс не е еден од најтиражните весници во САД, односно тој воопшто не се наоѓа во листата на најтиражните 25 весници во САД, што значи дека се работи за лага на „Вест“.

Сепак, многу поважно е дека „Вест“ манипулира во однос на тврдењето дека Вашингтон се замешал во изборната трка и дека го фаворизирал Груевски.

„Вест“ го преведува текстот, но никаде не кажува кој го напишал текстот и дека не се работи за анализа или став на редакцијата, туку за колумна, односно личен став на авторот Џејсон Кац, директор на TSG, LLC, консултантска куќа за стратешки комуникации и политички консултации.