Горан Михајловски : Груевски не го оспорува историјата , Груевски го оспорува природата

0
1204

Уште една одлична колумна на уредникот на Горан Михајловски во рубриката ,,Сакам да кажам” која оди во викенд изданието на ,,Вест” :

Еден ден по трагедијата во Тетовско и смртта на шестмина наши сограѓани, од кои четири деца, пристигна и радосна вест. Додека граѓаните на Македонија својата хуманост со тетовци ја искажуваат со испраќање СМС пораки со кои донираат 100 денари, во коритото на Вардар во центарот на Скопје почна да се наѕира столбот од Панорамското тркало што ќе чини 18 милиони евра. Донациите одат за тетовци, ДДВ-то оди за Владата. По 100 денари за санирање на штетите од летниот дожд и по 18 денари за панорамското тркало.

goran-mihajlovski
Собирањето донации преку мобилните оператори стана дел од секојдневната живеачка. Баш ме интересира, колкумина од тие што испраќаат СМС пораки за хуманитарни цели до сега девет пати гласале за изградба на Панорамското тркало. Колкумина девет пати со својот глас потврдиле дека се согласуваат со таквата политика на трошење на нивните пари.
Со сто денари повеќе, или помалку дадени за да се ублажи нечија несреќа, никој ниту осиромашил, ниту се збогатил. И ќе продолжиме да собираме донации. Особено за болни кои не можат да соберат доволно пари за лекување. Денес собираме хуманитарна помош за жртвите од Тетовско, утре ќе собираме пари за жртвите на Панорамското тркало. Да не кажам – жртви на Мајка Тереза. Оти веќе доволно го испоганивме нејзиното дело со самото тоа што ќе $ градиме бизарно монументален и прескап споменик. Од почит кон жената што се грижела за болните и презирала ненаситно трошење, ние ќе потрошиме најмалку 6 милиони евра, без анекси на првичниот договор. Каде? Во земјата во која деца гинат од пороен летен дожд. И во која телефонските претплатници собираат по 100 денари за лечење на деца во странство.

Премиерот Никола Груевски во говорот по повод Илинден рече: “Го спореа и успехот на илинденците, го спорат и нашиот успех, успехот на нашата генерација, но тој не може да се скрие, нашите идеи, дела, реформи, перспективи”.
Не требаше да помине многу време за некој да пишува историја со која ќе ги оспорува успесите на Груевски. Само еден ден по неговиот говор на Шара заврна дожд и се случи трагедијата во Шипковица и Речица. Неговиот успех не му го оспори историјата. Му го спори природата. Покажа како му функционира државата, како функционира локалната самоуправа, како функционираат јавните претпријатија, како функционира казнената политика, како функционира вработувањето по партиски и етнички клуч… И како функционира пропагандата. Сите отидоа да се сликаат со жртвите. Така е тоа. Кога ништо не ти функционира како што треба, ти останува само да се сликаш.

Целата колумна може да ја прочитате на следниот линк ОВДЕ