Горан Грујевски осуден на година ипол затворска казна

0
1532

Горан Грујевски е осуден на година ипол затворска казна, а шестте службенички добија условна казна за случајот „Тврдина“.

Кривичниот суд ги осуди за виновни седумте во предметот на Специјалното јавно обвинителство под кодното име Тврдина 2 за уништување на службена документација поврзана со масовното прислушување.

Пет службенички вработени во Управата за контраразунавање добија условна осуда на една година, која нема да се изврши, доколку во рок од три не извршат ново кривично дело. Една од службеничките доби пониска казна, условна осуда од девет месеци, која нема да се изврши, доколку во рок од три години не изврши ново кривично дело.

Како што образложи судијата, пониска казна е определена за оваа службеничка затоа што со својот исказ пред судот придонела за утврдување на вистината во предметот. Ова судот го зема како олеснителна околност.

Во пресудата за Горан Грујевски, судот наброја дека како отежнителна околност му се зема тоа што тој имал директна умисла во извршување на делото и го иницирал неговото извршување. Освен тоа имал авторитет кај службениците, предизвикал страв кај нив доколку не го извршат делото и како отежителна околност му се зема тоа што, иако била во тек судската постапка, сепак се дал во бегство.

Две од службеничките ја слушнаа пресудата со солзи во очите, додека останатите четири беа смирени и не реагираа.

Инаку, за кривичното дело фалсификување на службена исправа за кое беа осудени обвинетите, законот предвидува казна затвор од три месеци до пет години.

Извор : Фокус