Помеѓу 85.790 граѓани кои се најдоа на списокот на УЈП за присилна наплата на радиодифузна такса се најдоа и имиња на многу познати личности од политичкиот и општествениот живот, пренесува „Либертас“.
Како што може да се види од фотографијата во прилог, едно од нив е и името на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Не е познато за која сума се работи, односно колку пари должи Мијалков за неплатена радиодифузна такса, бидејќи во списокот не ги пишува сумите туку само имињата на должниците и нивните адреси. Целосниот список можете да го спуштите од сајтот на УЈП на следниот линк.
Имињата на тие што не платиле до вчера ќе бидат објавени во Службен весник, а три дена потоа Управата ќе почне со блокирање на банкарски сметки на должниците. Доколку не платил во меѓувреме и сметката на Мијалков ќе биде блокирана.
СДСМ денеска преку соопштение реагираше и порача УЈП да не помисли да ги блокира сметките на граѓаните за радиодифузна такса. Од опзициската партија ветуваат дека по нивната победа, радиодифузната такса ќе биде укината а МРТ ќе се финансира директно од Буџетот.
Извор: Либертас