ГОЛЕМА ЧЕСТ СЕ ПРАВИ НА ЗАЕВ : ВО БРИСЕЛ СТРАНЦИТЕ ПОСТАВИЈА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ ВО ЗНАК НА СОЛИДАРНОСТ НА ВЕТОТО КОН МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА МАКРОН

0
1977

Пред седиштето на Европската комисија во Брисел утрово е поставено македонското знаме, во знак на солидарност кон Македонија поради ветото на претседателот на Франција, Емануел Макрон за старт на преговорите на земјава за влез во Европската Унија.

Фотографијата на својот Твитер профил ја објави Махрин, кореспондент на угледниот „Фајненшл Тајмс“ од Брисел, кој пишува дека поставувањето на македонското знаме е во знак на солидарност со Северна Македонија.

Откако вчера беше соопштено дека Франција не дала зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија додека не се направат реформи на методологијата на преговарачкиот процес, конечната одлука се очекува утре, кога на маса ќе седнат европските лидери.