ГНЕВЕН И БЕСЕН ШТО АФЕРАТА РЕКЕТ НЕ ГИ ДАВА ПОСАКУВАНИТЕ БОМБАСТИЧНИ РЕЗУЛТАТИ, ГЕРО СЕ НАФРЛИ СО НАВРЕДИ КОН РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ, ЗАЕВ ГО НАРЕЧЕ МУРТИНЕЦ, РАДА МАФИЈАШКА ОД ФАМИЛИЈА МЕДИЧИ, А КАТИЦА ЈА НАРЕЧЕ СВИЊА!

0
1498

Откако фрли се на една карта уверен дека владата на Заев ќе падне, Геро почна да хистерише и да се користи со навреди кон раководството на СДСМ а шефицата на СЈО ја нарече свиња!

Не му е лесно на Геро. Фрли во вода цела своја новинарска кариера и ништо од тоа, аферата Рекет дури го сврти вниманието кон врховен суд со последното објавено видео.

Дури и тој самиот во предпоследната колумна на Плусинфо кажа дека челниците на СДСМ најверојатно се само злоупотребни, и побара од нив политичка одговорност што биле блиски пријатели со Боки 13-ка.

Но сега тој пак прави салто мортале и по објавеното видео со Боки и Кичеец со торбите пари, пак го вперува прстот кон СДСМ, иако СДСМ не се ни споменува на снимките, туку само Врховен Суд и Катица.

Геро во последната колумна каде користи погрдни зборови за Заев и Радмила, пак целата приказна ја сведува на некаква лична одмазда кон Заев затоа што премиерот одбил да ги прими во кабинет, и Геро ги споменува Тручковски и Саше Политико како омилени новинари на Заев па љут поради тоа сега ќе ја срушел владата?!

Очигледно е дека Геро решил да биде Грујово куртонче, и тоа секој има право да биде, само нека не ни го продава тоа како големо новинарство и големо херојство и човечки подвиг, дај нека не се зафркава, тоа е очајнички обид на човек кој решил да смени страна од икс лични причини објаснети во некои од нашите анализи на тема Геро на Мактел.