Глуварчето на Орце одлета накај плацевите на Грујо на Водно!

0
1105

Алсат Телевизија објавува дека дел од спорните парцели на Водно за кои опозицијата тврдеше дека се на Премиерот Никола Груевски добија нови газди. Според податоците од централниот регистар, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купила фирмата „Сирах Инженеринг“, инаку сопственик на земјиштето над вилата на Претседателот. Така, сопственоста на овие парцели на Водно од 11000 м2 сега завршува во Скопје, а од регистарот е избришан старата мајка-фирма од даночниот рај Белизе.

orcegrujo

Дел од спорните парцели на Водно за кои опозицијата тврдеше дека се на Премиерот Никола Груевски добија нови газди. Според податоците на централниот регистар, компанијата Орка Холдинг на бизнисменот Орце Камчев ја купила фирмата ,, Сирах Инженеринг”, инаку сопственик на земјиштето над вилата  на Претседателот. Така, сопственоста на овие парцели на Водно од 11000 м2 сега завршува во Скопје, а од регистарот е избришан старата мајка-фирма од даночниот рај Белизе.

Но, освен промената на газдата и седиштето , сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски. кој е патем кум на Премиерот Никола Груевски од првиот брак. Како нов управител впишана е Кристина Камчева Стојчева, сестрата на Орце Камчев.

Овие парцели станаа спорни откако СДСМ во повеќе наврати ја актуелизираше нивната купо-продажба. Имено, тие се откупени од приватни сопственици пред неколку години, кога нивната намена била шума или лозја. Но со измени на Деталните урбанистички планови во Центар, земјиштето се пренамени во градежно за куќи и згради, со што неговата вредност сега се мери во милиони евра.

Според расположивите податоци , ново седиште на фирмата која поседува над 11 000 м2 на Водно е адресата на Орка Холдинг. Стариот газда, фирмата ,,Сирах Лимитед” имаше седиште во Белизе каде беше сместен ,,Сирах”, биле сместени фирми кои можат да се поврзат со сопственоста на спортскиот центар Јане Сандански, хотелот Русија, неделникот Република и други фирми чии газди имаат семејни или пријателски врски со владини функционери. Кој се вистинки газди на фирмите во Белизе неможе да се знае, бидејќи државата гарантира анонимност.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=cMrWZ20-9KU[/youtube]

Инаку Орка Холдинг оваа година слави 25 години постоење, па јубилејот го прославија со приказна за глуварчето, растение кое го прска своето семе низ ливадата и во зависност од движењето на ветровите се шири низ целото поле. Сечини овојпат глуварчето на Орце уште еднаш одлета накај Водно, овој пат накај плацевите на Грујо пастирот! Еве ја приказната за глуварчето која беше објавена во весниците од МПМ групацијата кои се во сопсвеност на Орка Холдинг.

orka gluvarce 1

orka gluvarce 3

Бурата позитивни ветрови…. 😀