ГЛУВАРЧЕТО НА КАМЧЕВ ЈА ЗАФАТИЛО И СНААТА НА БИЗНИС ПАРТНЕРОТ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ ОД БЕЛИЗЕ СУДИЈКА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ?!?!

0
6643

Орце Камчев во Панама Пејперс , очекувано, нели?!

Интересен лик во целата приказна е Ненад Јосифовиќ кој е директор на неговата фирма во Панама Десимарг-Лимитид.

13116151_1013060635414395_4238640780143367043_o

Неговата снаа судијката Елена Јосифиќ со нула искуството веќе суди предмети за организиран криминал. Позната е по пресудата на доктор Ставриќ во местенката која му ја приреди режимот како одмазда за бунтот на лекарите на Клинички Центар.

Додека пак неговиот брат (горе на фото) е редовен гостин кај Миленко и е еден од новите ухлебани талибанци професори на УКИМ…

Самиот Ненад Јосифовиќ е близок на фамилијата.

Инаку еве што пишуваше порталот Сведок за оваа судијка:

Втората судијка која исто така доаѓа во овој оддел е 35 годишната Елена Илиевска Јосифовиќ, избрана во 2011 година за судија и која исто така во меѓувреме користела породилно отсуство, па нема ниту 5 години судиско искуство, што за вака сериозна област, несомнено е потребно судиско теоретско и практично знаење.

За нејзиното префрлање од кривично на претходна постапка во организиран криминал велат дека заслуга има нејзиниот сопруг (кој може да се види на настани застанат зад лидерот на ВМРО ДПМНЕ) и неговиот брат кој е вработен во моќна спортско-медицинска фирма блиска до фамилијата.

Јосифовиќ го судеше вториот пат предметот со поткупот за докторот Дејан Ставриќ, синдикалниот лидер на докторите.