Глодарите на Грујо започнаа со јавна промоција на ФАШИЗМОТ : Пицајзлата Тони Михајловски освен што е заљубен во ликот и делото на Грујо, се заљубил и во фашистичката идеологија?!

0
1622

toni-mihajlovski-konvencija-540x298

Вчерашниот Фејсбук статус на Тони Михајловски предизвика бурни реакции на социјалните мрежи како и многу коментари на истиот. Коментар со најголема поддршка (односно најмногу лајкови) беше тој на Искра Гешовска.

Сепак, во меѓувреме дискусијата заминала во друг правец и стигнала до фашизмот. Еден од коментаторите констатира дека нема ништо лошо во „фашистичката идеологија“, а Тони Михајловски се чини дека се согласува со него, па воопшто не го оспорува тврдењето на коментаторот, туку се надоврзува на неговиот коментар навлегувајќи во толкување на значењето на зборот, пишува Либертас.

Овој „принт-скрин“ од коментарите се шири на Фејсбук а корисниците на социјалните мрежи се зачудени и згрозени од промовирањето на фашизмот.

fb toni

„Ова колку да видите со какви си имате работа и кому му одите на трибини на тие домобраните. Ова му го кажуваат на оние наши 25.000 Македонци што ги дале животите против тој Фашизам. Ете дотука дотуркавме“, стои во еден од коментарите на Фејсбук.

Тони Михајловски е еден од најактивните во Движењето за одбрана на Македонија, во друштво на Миленко, Мирка, Братислав Димитров, Александар Пандов и останати бранители на Груевски, кои од вчера дури почнаа да собираат и потписи за да докажат дека Заев бил велепредавник.

(Моментално Фејсбук статусот на Тони Михајловски како и коментарите на истиот не можат да се најдат на неговиот профил така што најверојатно самиот тој ги избришал а фотографијата погоре е зачувана како „принт-скрин“).

Извор: Либертас