ГЛЕЈ КОЛКУ Е ГРУЈО ИТРО КОПИЛЕ : Го вработил братот на мафијашот Нинџа за свој бодигард и сите наредби до подземјето оделе преку телефонски повици меѓу браќата за да не можат потоа да го обвинат за ништо!

0
1829

Поранешниот премиер Никола Груевски кажа дека неговиот телохранител се јавил на 27 април од Виена за семејни разговори со сопругата и братот. Одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за „Титаник“, каде што тој е првообвинет, Груевски рече дека откако ги прочитал написите дека неговиот телохранител на 27 април му се јавил од Виена на обвинетиот Александар Василевски Нинџа да го извести да ја започне акцијата во Собранието, го прашал членот на своето обезбедување дали имало таков повик.

„Да имаше Д од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука, што не значи пак дека тие што ги уапсија се виновни. Јас разговарав со членот на моето обезбедување, ми рече дека како и секој друг кога ќе замине на пат во странство, имал краток телефонски разговор со сопругата и братот, семејни разговори и тоа е сè, ништо повеќе од тоа“, изјави Груевски.

Според обвинителниот акт, еден од обвинетите на 27 април преку телефонски повик во 14.30 часот бил известен да ја започне акцијата, по што заедно со уште неколкумина други го организирале членството за насилен напад во Собранието.

Груевски на 27 април беше во Виена на партиска средба со тогашниот генерален секретар на Австриската народна партија Вернер Амон.