ГИ ОТЕПА – НИНЏА ЈА ОТКРИ ЦЕЛА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА НА ДБК : МУ ПОСТАВИВМЕ КАМЕРИ ВО ДОМОТ НА АНАЛИТИЧАРОТ, АЛБЕРТ МУСЛИУ!!!

0
5546

Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој во денешното сведочење откри кој во ВМРО-ДПМНЕ и во МВР командувал со организираниот напад на Собранието на 27 април лани, продолжи денес во Основниот суд Скопје 1 да одговара на прашања, сега на обвинителката Вилма Русковска.

„Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите. Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу“, ѝ одговори Нинџа на Русковска.

На вкрстено прашање, дали биле плаќани водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, или протестите ги воделе од патриотски причини, Нинџа одговори:

„Јас не сум ги видел со свои очи што имаа во џебовите кога излегуваа откај Кирил Божиновски, но од оперативни сознанија на Петтата управа знам дека биле плаќани од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и Никола Бошкоски ми кажа дека за тоа го информирал директорот на УБК Владимир Атанасовски“.