ГИ НАПОЛНИЈА ГАЌИТЕ : СО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА, ОБВИНЕТИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ СО УЛТИМАТУМ ДО ВМРО ДПМНЕ БАРААТ КАКО ЗНААТ И УМЕАТ ДА ИЗДЕЈСТВУВААТ АМНЕСТИЈА И ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОБВИНЕНИЈАТА!!!

0
1755

Со писмо во јавноста во порталот на Миленко, Дудинка, обвинетите за настаните на 27-ми април бараат ВМРО ДПМНЕ да издејествува итна амнестија, веднаш, сместа:

Почитувани браќа и сестри, ние притворените и прогонуваните родољуби и патриоти веќе 10 месеци се наоѓаме во исклучително тешка ситуација. Нашите животи и нашите судбини се во рацете на други луѓе. Тоа е против Божјата волја, против принципите на ВМРО.

Нашата идеологија, а не интерес, не врати во времињата на нашите предци, а тоа се занданите. Но, тогаш комитите во туѓи ќелии. Овој пат во наши, македонски ќелии. Ние, комитите на ВМРО, комитите на модерна Македонија, заслужуваме борба и став на раководството на нашата партија. Нашите семејства, ние, нашите деца и граѓаните на Македонија ја бараат правдата и вистината.

Во името на нашата идеологија и во името на постулатите на ВМРО, бараме од вас, нашите водачи веднаш и неодложно да реагирате и застанете јавно и недвосмислено во наша поддршка за овој политички прогон.
Ова е последната капка крв на македонскиот патриотизам. На македонската самосвест. На корените на ВМРО. Ние лежиме и ќе лежиме за ВМРО и Македонија, но не прифаќаме да бидеме предадени и продадени од нашите браќа. Ние сме луѓе од крв и месо, не стока за политички пазар. Нас политиката не не’ интересира. Ние немаме политички амбиции за власт и функции. Ние сме борци, ние сме дел од народот на Македонија, горди Македонци, чија пот и жед за правда лута во судските ходници на политичкиот суд на власта.

Вие, нашите водачи, сте должни да ги браните интересите на Македонецот по секоја цена. Затоа сте избрани да не водите. Во спротивно, доколку се повторува историското предавство на македонските патриоти како во историското ВМРО, ние патриотите, во духот на Божјата правда, во името на нашите семејства, во името на историските заклетви, ве известуваме дека македонскиот народ ќе дознае дека Вие се грижите само за Вашите фотељи, Македонците го бранеа Уставот, а предавството го извршија немакедонците.
Рокот од патриотските сили до вас, нашите водачи е до 20 септември.

Политиката не стави во зандани, политиката мора да не извади. Вмровски и македонски е јавноста да ја знае вистината. Светот да ја дознае вистината. Вистината за слободна Македонија. Македонија која нема да е слободна, се додека последниот од нас е во зандани од актуелниот режим. Братски е заедно да славиме и заедно да жалиме. Водачите водат и во славје и во тага. И занданите се заеднички во името на постулатите на ВМРО. Последниот крик на Македонецот за правда е овој.

Бараме итно и безусловно да ни ги соопштите следниве работи:

1. Ставот на ВМРО за политичкиот прогон.
2. Конкретните активности на ВМРО во заштита на нашите права и борба за правда.
3. Безусловен политички притисок за прекин на политичкиот прогон.
4. Безусловно ослободување од притвор.
5. Бојкот на Собранието на Република Македонија.
6. Улична демократија за правда.

Во поглед на нашите барања братски и вмровски ве известуваме дека евентуалните политички пресуди за тероризам во сопствената држава ќе значат пресуда за престанок на последниот баталјон за Македонија и ВМРО.

Ние не се плашиме од судот на власта, се плашиме од предавството на ВМРО.

Да живее ВМРО, да живее Република Македонија!