Гзим Острени: ДУИ е вазал на ВМРО-ДПМНЕ

0
1978

Гзим Острени за „Призма“ вели дека Демократската унија за интегранција ги заменила демократските принципи со корумпирани практики, поради што тој решил да застане на чело на нов политички субјект „Унитети“.

„Кога почувствував дека не се исполнуваат идеалите и причините поради кои ние се боревме во 2001 и до 2006, заклучив дека е потребно да се креира нова партија. Исто така констатирав дека мојата матична партија нема капацитет да се реорганизира и дека го има изгубено чувството за развој на демократијата во Македонија.“

„ДУИ е вазал на ВМРО-ДПМНЕ. За ДПА не би ни сакал да разговарам, нивниот претседател самиот рече дека до смрт му е верен на Сашо Мијалков“, остар е во оценките Острени и најавува дека новата партија „Унитети” ќе се базира на граѓански концепт и на идејата дека сите граѓани треба да бидат еднакви.

Повеќе ОВДЕ