ГЕРО СО ОДЛИЧНА ИДЕЈА : На лудакот Груевски да му се продаде мерцедесот и тоа по набавна цена!

0
2436

Многу се „паметни“ шупциве од ВМРО-ДПМНЕ…

Ако на Заев не му требал „мерцедесот“ од 600.000 евра, нека го продаде. Вака сега ум дели ВМРО-ДПМНЕ, откако јавноста го виде чудото од автомобил, кој веќе поминал повеќе од 50.000 километри. Да се продаде, а? Каде? На автопазар? Кога би било така едноставно. Но, не е…

Секој што барем еднаш во животот купил нов втомобил, знае дека уште на излезот од салонот цената на неговото возило паѓа за една третина. И кому сега да се продаде ова луксузно чудо со телевизори и масажери, тој симбол на лудилото на еден забеган и неизживеан човек? Макар и по половина цена… Можеби добра идеја е да си го купи лудакот што го нарача. И тоа по набавна цена!
Тешко на нас со вас, лудаци дпмневски! Жив зијан сме цели 11 години!

Сега врз премиерот Заев и врз неговата влада со право се врши огромен јавен притисок да се отстранат кичерските фасади што го нагрдија ликот на нашиот град, да се дислоцираат поголем дел од спомениците начичкани во центарот на градот, да се продадат некои од објектите кои ги изградивте крадејќи народни пари, а сега само ќе бидат товар на буџетот. За волја на вистината, најмалку еден од тие објекти би требало веднаш да се урне – Триумфекалната капија, бидејќи тој е израз на вашиот комплекс на пониска вредност, ништо друго!

Арно ама, од каде сега пари за сето тоа? Од каде пари, кога на новата влада и оставивте празен буџет, долгови, згради со фасади од пурпена, економија на колена? Сите тие интервенции што се неопходни, за Скопје да заличи на град, а не на луна-парк, чинат скапо. И

Заев е во право кога одбива сега да се занимава со таа работа. Него го чекаат многу потешки задачи.

Така е тоа во животот – еден лудак што може да направи, сто паметни не може да оправат! Барем не брзо…

Бранко Героски