ГЕРМАНИЈА И НАПРАВИ ОГРОМНА ЧЕСТ НА МАКЕДОНИЈА : МЕРКЕЛ СРДЕЧНО ГО ПРЕЧЕКА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ВО БЕРЛИН

0
1602

Премиерот на Северна Македонија беше официјално пречекан во Берлин од страна на германската канцеларка која заедно со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на средбата со лидерите на државите од Западен Балкан.

Македонскиот премиер Зоран Заев според планираното имаше официјален дочек од страна на Ангела Меркел во 16 часот во седиштето на канцеларијата на германската канцеларка. Заев беше првиот лидер од Западен Балкан кој беше пречекан од Меркел, спроти  денешната Конференција за Западен Балкан. На неа покрај Заев ќе учествуваат и лидерите на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Косово и Словенија.

Состанокот кој беше свикан заеднички од страна на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон и официјално треба да започне по 19 часот.