Георгиевски : Проектот Градиме заедничка иднина е најубав проект на општината Гази Баба

0
1173

Минатата година роденденот на општината го прославивме со преубавиот настан Градиме заедничка иднина. Оваа година одиме чекор понапред и оваа манифестација започнува на роденденот на општината и ќе трае целата учебна година.

Проектот Градиме заедничка иднина е најубав проект на општината, затоа што на едно место ги обединува учениците од сите 11 основни училишта, од сите етнички заедници. Тие другаруваат, творат, играат и глумат и најважно од се што се запознаваат одблизу, а со тоа ги намалуваме разликите.

Децата ни подарија прекрасна театарска претстава „Кој да го освои срцето на Сара“, како и преубавата песна „Мостови на другарство“ која ќе биде симбол на единството и соживотот.

Благодарам до сите ученици кои беа дел од овој проект, до Анита и целиот тим на координатори, Изабела и Тамара за преубаво осмислената претстава, благодарност и до Александар Митевски кој ја напиша оваа убава песна.