Генерал Стојанче Ангелов: Изјавите на Груевски може да предизвикаат сериозни инциденти и последици по безбедноста на државата

0
1621

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска како неодговорни ги оцени изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски, кои можат да „предизвикаат сериозни инциденти и последици по безбедноста на државата“. Тој ги повика сите политички субјекти да дејствуваат во насока на смирување на состојбата, а не на нејзино потпалување, пренесува „Мета“.

– Ваквата чувствителна состојба во нашата држава уште повеќе се продлабочува со понатамошното одолжување на давањето мандат од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Го повикуваме Иванов веднаш да го додели мандатот за состав на новата влада на Република Македонија – рече Ангелов.

Тој го повика и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како следен мандатар, да биде внимателен и да си го одржи ветувањето дека нема да прифати ниту едно барање од т.н. платформа од Тирана, кое излегува од рамките на Уставот, како и надвор од потребите на македонските граѓани.