Генерал Ангелов до Тони Шанац: Тони од денеска ти за мене си обична овца!

0
1138

stojance-angelov

ЛАВОТ КОЈ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ОВЦА!

Тони Михајловски! Без разлика на твоите нечовечни напади кон мене, сепак имав голема почит кон тебе! Почит поради твоите заслуги за Македонија. Како актер, водител и шоумен. Со твоите неповторливи улоги остави траги во македонската филмска, театарска и телевизиска историја.

Но Тони! И Ти, и јас, и сите припадници на Лавовите знаеме дека Ти всушност никогаш не беше бранител. Во 2001-та ниту си учествувал во битка, ниту си бил во близина на боиште, ниту пак си испукал куршум. Дури ни на стрелиште. Во 2001-та, Ти Тони, беше она што навистина си. Забавувач. Ги забавуваше Лавовите, ја забавуваше јавноста. И пак ќе повторам! Тоа е твоја голема заслуга! Бидејки, во такви моменти потребни сѐ и луѓе како тебе. Твојата улога како портпарол на Лавовите никогаш нема да ја потценам. Иако, за воља на вистината, Ти се приклучи на Лавовите кога војната веќе беше одамна завршена.

Тони! Мојата почит кон тебе траеше се до денес!!! Денес, Ти Тони, си дозволи да навредиш една жена. Обична, навидум беспомошна жена! Ти Тони ја навреди актерката Ирена Ристиќ само затоа што, за разлика од тебе, храбро влезе во борба! Во борба со канџите на Режимот. Како дел од нашата специјална политичка единица. Единица која ќе го зададе смртниот удар на Режимот!

Затоа Тони! Од денес, во моите очи Ти си само еден поранешен Лав! Лав претворен во овца! Обична исплашена овца во стадото на Пастирот. Пастирот кој ја опљачка Македонија! Пастирот кој ја зацрни Македонија! Пастирот кој го нанесе најголемото зло на Македонија!

06.04.2015.
Генерал СтојанЧе Ангелов