ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: ВЕ МОЛАМ, АМА ЕПТЕН МНОГУ ВЕ МОЛАМ!!! ДОСТА БЕШЕ БОЈА ПО СПОМЕНИЦИТЕ

0
1837

ВЕ МОЛАМ, АМА ЕПТЕН МНОГУ ВЕ МОЛАМ!!!

Добри луѓе! Некои од вас можеби имаат префинет вкус но јас изгледа не. Мене и вакви какви што се ми се допаѓаат. Ми се допаѓаат повеќето споменици и објекти од “Скопје 2014“. Дури, повеќето од нив ми изгледаат убави. Некои од нив преубави. На пример, споменикот на кралот. Споменикот на Александар Македонски. Но не само тој. Преубав ми е и споменикот на Бранителите од 2001-та, и споменикот на ВМРО, и споменикот на АСНОМ… Иако се дел од Скопје 2014 мене сепак ми се убави. И мислам дека не е грев. Не е грев да ми се допаѓа нешто кое на некои од вас им изгледа смешно. Па нели се бориме за демократија? За правото на различно мислење? Правото на различен вкус? А нели, за вкусовите не се дискутира.

Добри и разлутени луѓе!

Објектите и спомениците од “Скопје 2014“ нѐ ни се виновни за огромните пари кои се испраа преку нив. Нѐ ни се виновни ниту за урбаниот фалсификат кој се направи со нив. Нѐ ни се виновни ниту за гротеската која се направи со нив.

Но, добри, разлутени и разумни луѓе!

Од самиот почеток не го оправдував но сега мислам дека е доста. Ве молам, ама ептен ве молам, доста беше боја по нив. Да го зачуваме достоинството на протестот. И со боја, и без боја, режимот ќе падне. Режимот ќе падне а спомениците ќе останат. Ќе останат да сведочат за едно страшно време. Да сведочат за едно темно време. Време во кое болни деца умираа додека некој си играше крал.

Затоа!!! Да се собереме 100.000 и режимот ќе падне сам. Без насилство, без боја, без крв.

Фејсбук статус на Генерал Стојанче Ангелов