Гевгеличанка е тешко повредена во сообраќајка кај Мрзенци

0
1014

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа што се случила кај надвозникот во село Мрзенци, на автопатот А1 Скопје-Гевгелија. Сообраќајот на оваа делница се пренасочува, потврдија од СВР Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска, информираше дека лицето Д.Т. (1989) е полесно повредено во сообраќајна несреќа меѓу две возила на автопатот. Повреденото лице е пренесено во гевгелиската болница.

– Нема застој во сообраќајот, рече Рендевска и додаде дека за краток период сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.