Гаши повика да се ослободат осудените во „Монструм“ и „Сопот“

0
1390
Ако при првата „бомба“ се распадна безбедносниот систем, при втората се урна целосно правниот систем во Македонија, коментира портпаролот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук во врска со објавувањето на втората „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
ekuiliber.com-...1931-370x230
Тој повика да се ослободат осудените од случаите „Монструм“ и „Сопот“.
„После првата ’бомба’ разбравме дека безбедносниот систем е во распад, а после вчерашната ’бомба’ се уверивме дека правниот систем во Македонија веќе не постои. После овие настани осудените од случаите „Монструм“ и „Сопот“ треба да се прогласат за невини, да се пуштат веднаш на слобода и да се обесштетат. Иако знаевме дека овие процеси се монтирани политички, од вчера тие и самите не уверија дека во Македонија правниот систем е целосно во рацете на партијата и на власта или уште поточно во рацете на полицијата и тајната служба. Овој систем можеме како сакате да го наречеме, но повеќе од јасно е дека правен систем во Македонија веќе немаме“, напиша Гаши.
Плусинфо