„Гастро мак“ спремен да подготвува храна за настраданите во поплавите

0
1331

Тимот на „Гастро мак“ преку соопштение испратено до медиумит ги известува надлежните институции и граѓанските асоцијации дека со своите готвачи се става на располагање да помогне во оваа вонредна состојба.

– Во согласно препораките на лекарите и медицинските протоколи, кои бара исклучително внимателно дистрибуирање на храна и вода во загрозените населени подрачја како и препораката да не се користи зеленчукот и овошјето од површините поплавени од наносите од дожд сметаме дека ќе се појави потреба да се подготвува храна во големи количини од намирниците што се донираат. Тука би можел да се вклучи нашиот тим на готвачи и да ја подготвуваа таа храна – објаснуваат од „Гастро мак“.

Во соопштението испратено до медиумите од „Гастро мак“ информираат и дека во моментот на трагедијата во нашата земја се наоѓале во Србија каде учествувале на меѓународниот гастрономски натпревар во спремање на гулаш и освоиле прво место.