Гарет: Никој не треба да застане на патот на СЈО

0
1015

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет на својот Фејсбук профил реагираше за случувањата на релација Специјално јавно обвинителство – Управа за безбедност и контраразузнавање.

„Како одговор на прашањата од медиумите за развојот на последните случувања би кажал дека јас немам намера да коментирам за деталите од истрагата. Но, јас ќе истакнам колку е важна работата на Специјалното обвинителство. Тие се задолжени со тешка работа, да ги истражат наводите од прислушуваните материјали и да утврдат дали и каде треба да реагираат. СЈО беше договорено од страна на четирите лидери на главните политички партии и едногласно го поддржаа во парламентот. Значи, никој не треба да застане на патот на оваа важна работа затоа што, сè додека овие тврдења не се истражат соодветно, нема да биде одржливо решавањето на политичката криза“, напиша Гарет.