Габер-Дамјановска против одлуката на Уставен за Законот за навреда и клевета

0
1322

natasagaber

Судијката Наташа Габер-Дамјановска изнесе издвоено мислење за одлуката на Уставен суд да не ја прифати иницијативата за оспорување на установноста на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Иако мнозинството судии одлучија спротивно, Габер-Дамјановска смета дека може да се постави прашањето за уставноста на овој Закон затоа што Собранието го донело со просто мнозинство иако содржи одредби кои ги уредуваат судските постапки.

-Примената на законот никако не би требало да доведе до непожелниот ефект на самоцензура на новинарите и медиумите заради избегнување на можни ригорозни правни последици, бидејќи со тоа се угушува критичкото новинарство и се губи суштината на одвивање на демократската дебата во секое општество. Јавноста во секоја држава има право да знае и да добие веродостојни информации, особено кога се во прашање теми од поширок, но и круцијален јавен интерес.

Текстот во целост прочитајте го тука