Вујиќ: Срамота е за Цветковски да споменува дека е направен притисок врз судија

0
1270

“Виктор Цветковски како оштетен може да кажува што сака, но е срамота како адвокат да споменува било каков притисок врз судството, неговата перцепција за правните проблеми и регулатива е негов личен проблем”, – вели Мирослав Вујиќ, бранителот на тужените Зоран Заев, Мартин Костовски и СДСМ како правно лице кои ги тужеше Виктор Цветковски за нелегално снимање и објавување на телефонски разговори.

Цветковски по објавата на пресудата рече дека врз судиката Маја Денковска е направен притисок по што таа донела незаконска одлука со што си го нарушила сопствениот кредибилитет како професионален судија.

“Законот ми дозволува за право да се занимавам со професионалноста и објективноста на судија и со притисоците кои веројатно ги имала при одлучување и ќе следува преставка до судијата бидејќи постапила непрофесионално”, – изјави Цветковски.

“Што е со другите негови предмети против СДСМ кои ги има изгубено, дали и таму е вршен притисок врз судии ?!-, прашува Вујиќ и додава дека , “Цветковски не може да се крие зад приватноста , не е приватен разговор да ги договараш резултатите за избори со министер за внатрешни работи”.

Кривичниот Совет при Основен суд Куманово вчера ги осободи по сите обвиненија тужените претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово Мартин Костовски и СДСМ како правно лице кои ги тужеше Виктор Цветковски по приватна тужба.